Наука | 20.11.2008
Пронајден е нов лек против сида
Се проценува дека во светот, со ХИВ вирусот, се заразени 33 милиони луѓе. Германски и американски експерти испитуваат лек кој не ги напаѓа директно вирусите во клетката, туку оние кои се’ уште не продреле во неа.
Мал вирус со тешки последици. Станува збор за ХИВ, вирусот што ја предизвикува смртоносната болест сида, а кој најчесто се пренесува со сексуален контакт. Имено, ХИВ се наоѓа во одредени телесни течности. Професор Герд Феткенхојер, заедно со њујоршкиот колега, Рој Кулик од универзитетот Корнел, направи клинички студии за новиот препарат.
„Да го земеме како пример следниов случај: маж заразува жена оти во неговата сперма се наоѓа вирусот. До контактот дошло преку слузокожата на вагината. И таму има одредени клетки во кои може да продре вирусот, тоа се’ уште не е крвта, туку одредени имунолошки клетки и тоа всушност е првиот пат кога вирусот влегува во телото“, вели Феткенхојер.
Со новиот лек вирусот не продира во клетката
Професор Феткенхојер, шеф на одделот за инфективни болести на клиниката при универзитетот во Келн, објаснува како предизвикувачот на сида навлегува во човековото тело: „Тој мора да влезе во човековите клетки, во одредени клетки на имунолошкиот систем – таканаречени помошни клетки. Најнапред се прицврстува на површината на овие клетки, се прилепува за нив, а потоа мора да се вовлече некако, мора да отвори врата. Кога ќе влезе, тој се раствора и тоа на тој начин што неговата наследна супстанца се вградува во наследната
Bildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift: Најголемиот број инфицирани од ХИВ-вирусот се наоѓаат во неразвиените земји супстанца на човековите клетки и во нив понатаму се размножува, така што подоцна од клетката може да излезат многу нови вируси.“
Речиси сите лекови кои досега се користени за лекување од инфекција со ХИВ го напаѓаат вирусот во клетката, што значи дека ја напаѓаат и самата клетка. Лековите кои дејствуваат однадвор помалку ја напаѓаат самата клетка, што значи дека имаат и послаби споредни ефекти. Професор Феткенхојер со останатите научници го откри и тестираше новиот лек.
„Тој го спречува ХИВ-вирусот да продре во клетката. Таканаречените ко-рецептори кои се наоѓаат на клетката, значи надвор од неа, се блокирани. А, кога се тие блокирани, вирусот може да се држи за клетката со ’едната рака’, но тоа не е доволно за да продре во неа.“










