1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бродска несреќа во Конго

Најмалку 140 лица загинаа денеска во централноафриканската држава, откако брод се преврте во реката Казаи, притока на реката Конго.

Се претпоставува дека причината за превртувањето на преполниот брод биле лошите временски услови. „Луѓето овде не знаат да пливаат“, истакна портпарол на полицијата, поради што се смета дека шансите некој да ја преживеал несреќата се мали.

Локалните власти го потврдија инцидентот и одржуваат кризна средба. Анонимен претставник соопшти дека според неговите извори бродот доаѓал од местото Муши, на околу триесет километри од Бандунду, главниот град на регионот. Бродот пренесувал луѓе и стока.

Поради долгогодишната граѓанска војна, инфраструктурата на Конго е скоро целосно уништена. Затоа за најголемиот дел од жителите најоптимален начин за превоз се авионите и бродовите. Централноафриканската држава ја сечат голем број реки, меѓу кои и четири илјади километри долгата река Конго. Несреќите не се реткост, бидејќи пловилата често се преполнуваат, а и водните патишта не се доволно безбедни. Освен тоа, само мал број бродови располагаат со елеци за спасување или сигнални светла.

Автор: ТТ/БГ/ројтерс/афп

Редактор: Горан Чутаноски

Повеќе од оваа рубрика

Фокус

Како се распаѓаше Социјалистичка Федеративна Република Југославија и кои се актерите во процесот на распадот? Од каде и како почна се‘ и што следуваше?

Слушајте Дојче веле