1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Балкан

Црногорците ги раздвојува заедничкиот јазик

Црногорското Собрание неделава го усвои Законот со кој црногорскиот јазик официјално се воведува во образовниот систем. Одлуката предизвика различни реакции, а опозициските партии ја оценија како дискриминаторска

Прашањето за именувањето на јазикот е секогаш политичко. Затоа и беше логично, четири години по прогласувањето на независноста на Црна Гора и три години по усвојувањето на Уставот, во образовниот систем да се воведе црногорскиот јазик, вели писателот и книжевен критичар Андреј Николаидис.

Николаидис, кој е и советник за култура на претседателот на Собранието Ранко Кривокапиќ, објаснува дека на истиот начин постапиле и сите други држави кои се родија на просторите на поранешна Југославија. „Доколку постои принцип според кој сите тие земји го именуваа јазикот на идентичен начин, зошто само Црна Гора да биде исклучок? Зошто само во Црна Гора би се говорело, на пример, на српски јазик“, вели Николаидис.

Идентитетот се тргува за банките?!

Андреј Николаидис

Според него, основната причина поради која црногорската опозиција го напуштила парламентот кога се гласаше за Законот, со образложение дека предложеното решение е дискриминаторско и води кон нови поделби, е всушност претстојниот попис на населението кој ќе се одржи следната година. „Дел од владејачката коалиција направи компромис со опозицијата во однос на Законот за попис, и истиот го трампале за поддршка за измени во Законот за централната банка. На едните им се важни банките, на други идентитетот. Тоа е една прекрасна позиција за трговија“.

Николаидис е уверен дека проблемите со идентитетските прашања кои се’ уште не се апсолвирани во Црна Гора, го попречуваат побрзиот демократски и економски развој на земјата.

Затоа, според него, и за Црногорците важи оценката на Карл Краус кога говорел за односите и разликите меѓу Германците и Австријците. „Она што не раздвојува е нашиот заеднички јазик“, порачува Николаидис.

Автор: Мустафа Цанка/ Борис Георгиевски

Редактор: Александра Трајковска

Повеќе од оваа рубрика